Аудио duke b

14 јануари, 2015

Слушнете ја „Дојди“ од Дуке Бојаџиев

По одличните теми за филмот „До Балчак“ – „Танго до Балчак“ и „Валцот на Тереза“, како и неодамна објавената соработка со Тања Царовска – „Си заљубив“, Дуке Бојаџиев деновиве претстави уште една одлична песна. Станува збор за темата насловена „Дојди“, во која повторно можеме да го слушнеме гласот на Крсте Роџевски, како и виолината на Владимир Крстев и обоата на Татијана Петрушевска, а пијаното, перкусиите, тамбурата и чарангото ги отсвири самиот Бојаџиев, кој е комплетен автор и продуцент на песната. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук фан страница на Дуке Бојаџиев

 



Врати се горе ↑