3 јануари, 2014

Слушнете ја „Do What U Want“ од Лејди Гага и Кристина Агилера

Песната „Do What U Want“ која Лејди Гага ја претстави на својот актуелен албум „ARTPOP“ и во која оригинално гостува колегата Ар Кели, неодамна доби уште една верзија. Имено, на финалето од американскиот музички натпревар The Voice, Гага ја отпеала оваа песна заедно со колешката Кристина Агилера, која во овој натпревар имаше улога на судија и ментор. Нивната соработка како подарок за фановите беше спакувана и во студиска верзија, која можете да ја слушнете во продолжение, а како изгледаше настапот во живо можете да видите горе.

 

 



Врати се горе ↑