Аудио r-rs-dia

28 април, 2014

Слушнете ја „Do It Again“ од Робин и Ројксоп

Шведската музичарка Робин и норвешкото продуцентско дуо Ројксоп летово ќе заминат на заедничка турнеја. Непосредно пред почетокот на турнејата, оваа новоформирана „група“ ќе објави ЕП издание насловено „Do It Again“, на кое ќе се најдат 5 песни. Насловната тема беше неодамна претставена на BBC Radio 1, а покрај неа објавија и дел од песната „Monument“, која исто така ќе се најде на заедничкото издание. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

А списокот на песни од претстојното ЕП издание изгледа вака:

  1. “Monument”
  2. “Sayit”
  3. “Do It Again”
  4. “Every Little Thing”
  5. “Inside The Idle Hour Club”


Врати се горе ↑