Аудио karolina-calgiska-snapshot

7 декември, 2013

Слушнете ја „Чалгиска“ од Каролина

Како што Ви пренесовме неодамна, во февруари следната година Каролина ќе го претстави својот нов студиски албум „Македонско девојче 2“, а како прв сингл кој го најавува ова издание вчера беше претставена темата „Чалгиска“. Песната е снимена во студиото „XL-Moмироски“, како автори се потпишуваат Никола Мицевски (музика и аранжман) и Валентин Соклевски (текст), а музичарите кои учествуваа во релизацијата на мелодијата се Благојче Трајковски (кларинет), Влатко Крстев (виолина), Зоран Костадиновски (гитара), Бошко Мангаровски (канон), Оливер Јосифовски (контрабас), Благоја Антовски (тапани) и Никола Мицевски на клавир. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Вториот  сингл од овој албум фановите на Каролина ќе можат да го чујат  на почетокот на февруари, а како што веќе Ви пренесовме, концертната промоција на албумот ќе биде на петте концерти закажани за 20/21/22/23 и 24-ти февруари во МОБ, каде со секоја купена влезница следува и едно луксузно дигипак издание од албумот. Влезниците по цена од 600 денари во продажба ќе бидат пуштени од вторник, 10-ти декември, преку  билет сервисот  Купи Карти За Сè.

Албумот „Македонско девојче 2“ ќе биде пуштен во слободна продажба од 25-ти феврурари 2014 година.

 

 



Врати се горе ↑