Аудио 10410143_694572800613326_2846453289077262941_n

1 јули, 2014

Слушнете ја „Calm Down“ од Баста Рајмс и Еминем

За љубителите на рап и хип-хоп музиката е секогаш интересно кога нивните идоли соработуваат, а токму тоа го направија и едни од најпознатите „рап богови“ како што се Баста Рајмс и Еминем. Нивниот заеднички сингл е насловен „Calm Down“, а темата продуцирана од Скуп Девил (Scoop Deville) сигурно ќе биде една од омилените за загревање на атмосферата на сите забави. Користејќи го препознатливиот звук на хитот „Jump Around“ кој Хаус оф пејн го претставија во 1992 година, „Calm Down“ го најавува новиот студиски албум „E.L.E.2“ на Баста, своевидно продолжение на „E.L.E. (Extinction Level Event): The Final World Front“ од 1998 година.

Новото издание, кое е десетти по ред студиски албум за 42-годишниот рапер, доаѓа по „Back on My B.S.“ од 2009, односно по бесплатното издание „Year of The Dragon“ кое во 2012 година го објави на Гугл Плеј. Покрај Еминем, на новиот албум ќе се најдат и соработките со колегите Канје Вест и Лил Вејн, кои гостуваа во првиот сингл „Thank You“, како и Ники Минаж во темата „Twerk It“ продуцирана од Фарел Вилијамс.

 

 



Врати се горе ↑