Аудио ch-cuba

27 јуни, 2014

Слушнете ја „C.U.B.A.“ од Келвин Харис

И покрај тоа што неговиот хит „Summer“ сè уште е меѓу најдобрите 10 на Билбордовата Хот 100 листа, Келвин Харис деновиве претстави уште една, овој пат помалку комерцијална песна. Имено, „C.U.B.A“ не е клупска химна со заразен рефрен како што се навикнавме да слушаме од познатиот шкотски диџеј, туку комплетно инструментална композиција наменета за големи забави. За сега не е познато дали оваа тема ќе се најде на претстојниот четврти студиски албум на 30-годишниот музичар, но сигурно е дека за љубителите на овој музички стил ќе биде огромен летен хит. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑