Аудио jj-bu

23 септември, 2014

Слушнете ја „Burnin’ Up“ од Џеси Џеј

Со мегахитот „Bang Bang“ во соработка со Аријана Гранде и Ники Минаж, британската пејачка Џеси Џеј го најави своето трето студиско издание насловено „Sweet Talker“ кое ќе пристигне на 13 октомври и кое ќе содржи 12, односно 15 песни за луксузната верзија. Деновиве беше објавена уште една песна од новиот албум, а тоа е „Burnin’ Up“ во која гостува колегата 2 Чеинз и чија продукција ја потпишува Макс Мартин. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑