Аудио ch-jn-b

5 септември, 2014

Слушнете ја „Blame“ од Келвин Харис и Џон Њуман

По мошне успешниот прв сингл „Summer“, шкотскиот диџеј и продуцент Келвин Харис го претстави и вториот сингл со кој го најавува својот четврти по ред студиски албум, за кој сè уште нема многу информации. Имено, новата песна која е најавена уште од јуни годинава, е соработка со 24-годишниот британски пејач Џон Њуман, најпознат по хитот „Love Me Again“, а како звучи нивната соработка насловена „Blame“ можете да слушнете во продолжение.

 

 

30-годишниот Харис, кој соработувал со имиња како што се Кајли Миног, Ријана, Тајни Темпа, Келис, Ели Гоулдинг, Софи Елис Бекстор и други, е најплатениот диџеј за 2013 и 2014 година според проценките на „Форбс“, а го држи и рекордот за најголем број топ 10 синглови од еден албум на британската сингл листа, надминувајќи го дури и легендарниот Мајкл Џексон.



Врати се горе ↑