12 април, 2014

Слушнете ја „Birthday“ од Кејти Пери

Иако сè уште е актуелна со синглот „Dark Horse“ во кој гостува раперот Џуси Џеј, Кејти Пери деновиве претстави уште еден сингл од нејзиниот четврт по ред студиски албум „Prism“. Станува збор за темата „Birthday“ со која пејачката се вклучува во трендот на враќање на диско музиката карактеристична за седумдесеттите години од минатиот век, како што тоа го направија и колегите Дафт Панк со Фарел Вилијамс и Најл Роџерс („Get Lucky“, па и целиот албум „Random Access Memories“), Бруно Марс (Treasure), диџеј Кесиди со Робин Тик и Џеси Џеј (Calling All Hearts) и други. Новата роденденска химна беше претставена со интересен текстуален видео запис соодветен за роденденска забава, односно стиховите се испишани на разни торти и колачиња, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Насловната фотографија за овој четврт сингл од актуелниот албум е всушност фотографија од еден од нејзините родендени во детството, на која покрај Пери може да се види и нејзината сестра.



Врати се горе ↑