Аудио grande_minaj_jessie_j_single_cover

30 јули, 2014

Слушнете ја „Bang Bang“ од Џеси Џеј, Аријана Гранде и Ники Минаж

Популарната британска пејачка Џеси Џеј вчера конечно ја претстави долгонајавуваната соработка со колешките од другата страна на Атлантикот, Аријана Гранде и Ники Минаж. Станува збор за песната насловена „Bang Bang“, чија продукција меѓу другите ја потпишува и хитмејкерот Макс Мартин.

Како што пренесува магазинот Мјузик Тајмс, песната ќе се најде на претстојниот албум „My Everything“ кој на 25 август ќе го претстави Аријана Гранде, како и на американското издание на минатогодишниот албум на Џеси Џеј, „Alive“, а веројатно и на новиот албум „Pink Print“ кој го подготвува Ники Минаж. Како звучи нивната соработка можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑