Аудио bojan-bjelic-balkanska-truba

6 април, 2013

Слушнете ја „Балканската труба“ на Бојан Бјелиќ

Кон крајот на минатата година, Бојан Бјелиќ се врати на музичката сцена со песната „Мора“, со која го најави новиот албум на кој вредно работи. Деновиве Бјелиќ претстави уште една песна која ќе се најде на ова издание. Станува збор за соработката со диџеј Тоја и МС Тоба, а во нумерата е насловена „Балканска труба“ се зборува за балканскиот темперамент.

„Вистина е дека реков дека малку ќе одморам од дуетите, но некако често ми се случува да има песна за која не можам да кажам не, а потоа дознавам дека во прашање е дует. Меѓутоа, до сега сите тие дуети беа со колешки, но сега случајот е поинаков бидејќи песната е направена како машки дует, ако може така да се нарече оваа песна.“ – изјавил Бојан за Трачара.

Како звучи оваа „Балканска труба“, можете да слушнете во продолжение.

 

Извор и фото: Трачара



Врати се горе ↑