Аудио FrankOcean

25 декември, 2012

Слушнете ја баладата „Wise Man“ од Френк Оушн

Како што пренесува Popcrush, новата песна која пред два дена ја објави пејачот Френк Оушн оригинално требало да се најде на саундтракот за филмот „Django Unchained“ на Квентин Тарантино. Станува збор за интересната балада „Wise Man“, за која Тарантино изјавил: „Френк Оушн напиша фантастична балада која е прекрасна и поетична во секој поглед, само што во филмот нема ниту една сцена за неа. Можев да ја вметнам некаде колку да ја има, но тоа не е причината за која тој ја напиша таа песна, ниту пак му беше тоа намерата. Затоа не сакав да му го потценам трудот. Но, песната е фантастична и кога Френк ќе одлучи да ја објави, слушателите ќе сфатат што сакам да кажам.“ – пишуваше во неговото соопштение за медиумите.

Иако песната не стана дел од филмот, сепак Оушн се надева дека ќе добие барем еден „златен грамофон’ следната година. Неговиот втор албум „Channel ORANGE“ доби шест Греми номинации, вклучувајќи ја и номинацијата за Албум на годината. Во продолжение слушнете ја новата песна на Оушн.



Врати се горе ↑