Аудио britney-spears-perfume

4 ноември, 2013

Слушнете ја баладата „Perfume“ од Бритни Спирс

По хитот „Work B**ch“, следната песна од претстојниот осми студиски албум „Britney Jean“, кој Бритни Спирс ќе го претстави на 3-ти декември, е емотивната балада насловена „Perfume“. За E-Online! пејачката изјавила: „’Perfume’ е посебна песна за мене и мислам дека секој ќе може да се пронајде во приказната. Секој поминал низ несигурни моменти во врската што ги направиле ранливи и мислам дека оваа песна го доловува тоа.“ 

Бритни Спирс до сега објавила 7 студиски албуми, 16 компилации и две ЕП изданија. Со преку 100 милиони продадени албуми ширум светот, таа спаѓа меѓу најпродаваните музичари на сите времиња, ја сметаат за една од највлијателните изведувачи во историјата на поп музиката, а магазинот Форбс соопшти дека Бритни е најплатената музичарка во 2012 година со заработка од преку 58 милиони долари, што е прв пат за неа да се најде на врвот на оваа листа по 2002 година.

Баладата „Perfume“ можете да ја слушнете овде

 



Врати се горе ↑