Аудио great-gatsby-soundtrack-wide-600x450

25 април, 2013

Слушнете ја баладата „Kill And Run“ од Сиа за „Големиот Гетсби“

Како што се наближува 6-ти мај, денот кога е закажан саундтракот за филмот „Големиот Гетсби“, на интернет се појавуваат сè повеќе песни од ова „ѕвездено издание“. Веќе имавме можност да ги слушнеме изведбите на Лана Дел Реј и Флоренс + д машин, а денеска покрај „Together“ од The XX, пристигна и песната која специјално за овој саундтрак ја сними веќе одлично познатата хитмејкерка Сиа.

Како што пишува Idolator, денеска е одличен ден да се биде Сиа, со оглед на тоа што покрај новата песна за „Гетсби“ насловена „Kill And Run“, денеска исто така беше претставен и дел од новата песна на Бијонсе – „Standing On the Sun“, чиј текст го потпишува токму Сиа. Во продолжение слушнете како звучи новата балада за „Големиот Гетсби“.



Врати се горе ↑