Аудио b-bn

16 август, 2014

Слушнете ја „Bad News“ од „Бастил“

Британскиот поп-рок бенд „Бастил“ ја освои светската сцена со мега-хитот „Pompeii“, кој се најде на нивното деби издание „Bad Blood“ објавено во март минатата година, кое малку подоцна доби и проширена верзија насловена „All This Bad Blood“. Лондонскиот состав предводен од Ден Смит деновиве ја претстави и песната „Bad News“, која ќе се најде на престојното ЕП издание за синглот „Oblivion“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑