Свет article_big_1367076150beyonce__andre_3000

28 април, 2013

Слушнете ја „Back To Black“ од Бијонсе и Андре 3000

За саундтракот од филмот „Големиот Гетсби“ беше направена преработка на големиот хит „Back To Black“ од покојната пејачка Ејми Вајнхаус, во изведба на Бијонсе и Андре 3000. Оваа е можеби најочекуваната нумера од ова издание, со оглед на тоа што веќе ја следат скандали. Имено, таткото на Ејми, Мич Вајнхаус, кој е одговорен за нејзиното наследство, неодамна изјавил дека никој не побарал дозвола за преработка, но дека подоцна се согласил доколку платат одредена сума на пари (која како што пренесуваат медиумите, изнесувала околу 100 000 фунти). Тој исто така рекол дека новата верзија воопшто не му се допаѓа и дека Бијонсе нема никаков придонес во песната.

За разлика од него, продуцентот Марк Ронсон мисли поинаку – на станицата East Village Radio тој лично и премиерно ја пуштил снимката, во која продукцијата е сведена на минимум со цел вокалите да се стават во преден план. Мислењата за новата верзија се поделени, па во продолжение слушнете ги двете верзии на песната и кажете ни што мислите.

Извор: PopCrush



Врати се горе ↑