17 ноември, 2014

Слушнете ја „Baby It’s Cold Outside“ од Идина Мензел и Мајкл Бубле

Како што заладува времето, така и ние се подготвуваме за новогодишните и божиќните празници, а ниту еден празник не е целосен доколку нема музика. На светската музичка сцена секоја година се објавуваат празнични албуми, а музичките ѕвезди најчесто решаваат да ги преработат класичните теми како што се „Have Yourself a Merry Little Christmas“, „Silent Night“, „White Chritmas“, „Let It Snow“ и многу други. Веќе е познато дека кралот на божиќните песни е канадскиот музичар Мајкл Бубле, а токму тој гостува и во преработката на темата „Baby It’s Cold Outside“ на бродвејската ѕвезда Идина Мензел.

Имено, 43-годишната пејачка и актерка која ја отпеа со Оскар наградената тема „Let It Go“ од анимираниот филм „Снежното кралство“, во октомври годинава го објави изданието Holiday Wishes, кое содржи 12, односно 14 песни за луксузното издание. Како што споменавме, поголемиот дел од нив се преработки на постари божиќни песни и една авторска тема насловена „December Prayer“.

Прекрасната дуетска тема на Бубле и Мензел веќе доби и интересно видео издание, во кое наместо пејачите, главните улоги ги играат мали дечиња, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе, додека промотивното видео за албумот и списокот со песни Ве очекуваат во продолжение. Уживајте!

 

„Holiday Wishes“

1. Do You Heаr What I Hear

 2. The Christmas Song

3. Baby It’s Cold Outside

4. Have Yourself a Merry Little Christmas

5. All I Want For Christmas Is You

6. What Are You Doing New Year’s Eve?

7. December Prayer

8. When You Wish Upon a Star

9. Silent Night

10. River

11. Holly Jolly Christmas

12. White Christmas

Лукзусно издание

13. Mother’s Spiritual

14. Let It Snow, Let It Snow, Let It Snow

И.Ј.



Врати се горе ↑