Аудио anaconda-niki-minaj

5 август, 2014

Слушнете ја „Анакондата“ на Ники Минаж

Семпл од еден од најпознатите хитови кои ги одбележаа деведесеттите години на минатиот век – песната „Baby Got Back“ од Сер Микс а Лот е искористен во новиот сингл на Ники Минаж насловен „Anaconda“. За оваа песна наскоро ќе биде претставен и видео запис, а сè уште не е познато дали ќе се најде на претстојниот албум „The Pink Print“, на кој познатата пејачка и раперка активно работи овој период. Како звучи нејзиниот нов сингл можете да слушнете во продолжение, а веднаш потоа погледнете и како ќе изгледа екранизацијата за „Anaconda“.

 



Врати се горе ↑