Аудио

17 август, 2016

Слушнете ја „Ain’t No Love“ од Давид Нешкоски

Прилепскиот блузер и гитарски виртуоз Давид Нешкоски деновиве ја објави темата „Ain’t No Love“, која се најде на неговиот најнов, трет по ред студиски албум „DIY“, објавен во мај годинава. Изданието беше најавено и со видео запис за песната „The Music“, а содржи вкупно 10 композиции отсвирени во живо.

13177600_1107820632594570_1883808300780583635_n

Музичарот зад себе ги има и албумите „Magical Dreamland (2013) и „Today Tomorrow (2014), а покрај песните на англиски јазик, знае да ја изненади публиката и со по некоја песна на македонски, како што беше примерот со „Илузии“.

Како звучи „Ain’t No Love“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук

 

 

 



Врати се горе ↑