Аудио pulp

27 декември, 2012

Слушнете ја „After You“ на Палп

Како што пишува магазинот Spin, по успешниот настап на промотивното крстањење во организација на Coachella фестивалот и настапот на домашен терен во Шефилд, бендот Палп (Pulp) задоволни од реакцијата на публиката, решија да ги израдуваат нивните фанови со една „старо нова“ песна. Станува збор за нумерата „After You“, која има статус на демо снимка, а наведено е дека е создадена во првата деценија на овој век, веројатно пред 2001 година и објавувањето на албумот „We Love Life“.

Фронтменот Џарвис Кокер во неговото интервју од минатиот месец кое го даде за магазинот Q, изјавил дека бендот нема планови за нови материјали, како и тоа дека можеби е време бендот полека и официјално да престане со работа. Последниот албум го објавија во 2001 година, а повторно се собраа во 2011. Дали успехот на оваа „заборавена“ песна ќе го промени нивното мислење, останува да видиме во следната година, а во меѓувреме преслушајте го диско-поп хитот „After You“.

 



Врати се горе ↑