Аудио do balcak

21 октомври, 2014

Слушнете го „Валцот на Тереза“ од филмот „До Балчак“

По насловната тема „Танго до Балчак“, сега имате можност да слушнете уште една музичка нумера од саундтракот за новиот филм на Столе Попов, „До Балчак“, кој својата премиера ја доживеа на последното издание на интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаќи“ во Битола. Станува збор за темата насловена „Валцот на Тереза“, чиј автор е Дуке Бојаџиев, кој исто така свири и на пијано, во соработка со Владимир Костов (виолина) и „Фејмс стринг орчестра (Fames String Orchestra)“.

 

Ова филмско остварување на Попов неодамна официјално влезе во трката за престижната награда Оскар, и е единствениот македонски кадидат во категоријата „Најдобар странски филм“. 87-мото доделување на Оскарите ќе се одржи на 22 февруари 2015 година, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, а улогата на водител на церемонијата за прв пат му припадна на познатиот актер и комичар Нил Патрик Харис.



Врати се горе ↑