Аудио artworks-000051581021-zw6v58-t500x500

27 јуни, 2013

Слушнете го ремиксот на „Young & Beautiful“ од Лана Дел Реј

За песната „Young & Beautiful“ која Лана Дел Реј ја сними за саундтракот на филмот „Големиот Гетсби“, чиј извршен продуцент е Џеј Зи, деновиве беше претставена и ремикс верзија направена од бруклинскиот диџеј Серџ Девант. За овој „дип хаус“ ремикс кој трае 8 минути, Девант вели: „Емотивниот вокал на Лана ме инспирираше да направам нешто што е навистина поразлично од оригиналната песна – во ремиксот внесов еден позрел и подлабок звук кој е секси и хипнотичен и е наменет да се слуша дома, но и во клуб.“ 

Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑