Аудио Rihanna-PourItUp rmx

21 март, 2013

Слушнете го ремиксот на „Pour It Up“ од Ријана

Ријана, која во моментов е на нејзината светска турнеја „Diamonds“, само што го претстави ремиксот на третиот сингл од актуелниот албум „Unapologetic“. Станува збор за песната „Pour It Up“, што значи дека за оригиналната верзија на синглот чија продукција ја потпишуваат Р&Б дуото Планет VI наскоро можеме да очекуваме и видео запис. Во новиот ремикс пејачката успеала да спои неколку нејзини колеги, а во она што ќе го чуете во продолжение, ќе ги слушнете и Јанг Џизи, Рик Рос, Џуси Џеј и Ти Ај.

Според податовите на агенцијата Nielsen SoundScan, во втората недела по лансирањето, новиот сингл е продаден во 675 000 дигитални копии на пазарот во САД, а во моментов се наоѓа на шестата позиција на R&B/Hip-Hop Songs листата и на дваесеттото место на Hot 100 листата.

Извор: Billboard.com

 



Врати се горе ↑