Аудио beyonce_single_cover

1 април, 2013

Слушнете го ремиксот на „I Been On“ од Бијонсе

Како што е познато, Бијонсе ќе ја започне својата „The Mrs. Carter Show World Tour“ на 15-ти овој месец во Белград, така што балканската публика ќе биде првата која ќе има можност во живо да ги слушне материјалите од нејзиниот долгоочекуван петти студиски албум најавен за оваа година. Пејачката неодамна го претстави првиот звук од новото издание, објавен под името „Bow Down/I Been On“, во кој се слушаат детали од две нови песни, а сега непосредно пред почетокот на турнејата стигнува и официјалниот ремикс на „I Been On“. Бијонсе во оваа прилика решила да му оддаде чест на својот роден град, а како што пишува магазинот Spin,  „ова е ремикс на кој се појавуваат најмногу ѕвезди во историјата на Хјустон“ – тука се Бан Би (Bun B), Зи-Ро (Z-Ro), Скарфејс (Scarface), Вили Ди од Гето Бојс (Willie D), Слим Таг (Slim Thug) и Лил Кеке (Lil Keke). Во продолжение слушнете како звучи овој ремикс.



Врати се горе ↑