Аудио artworks-000045175602-x3nijx-t500x500

12 април, 2013

Слушнете го ремиксот на „How Many Drinks?“од Мигел и Кендрик Ламар

За новиот ремикс на песната „How Many Drinks?“, чија продукција ја потпишува познатиот Салаам Реми и која е објавена на неговото минатогодишно изданио „Kaleidoscope Dream“, Мигел за гостин го избра колегата Кендрик Ламар, а својата одлука за магазинот Vibe ја објаснува вака: „Кендрик се обидува на ги направи идните рамки на хип-хопот, а јас сосема сигурно се обидувам да го направам истото за Р&Б музиката.“ Магазинот Idolator потенцира дека двата музичари имаат приближно идентична линија на развој – и двајцата минатата година дебитираа со независни или бесплатни албуми, за пред крајот на годината на ги претстават и своите први „големи“ изданија, а како звучи нивната прва соработка, можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑