Аудио mariah_carey_single_cover

28 јуни, 2013

Слушнете го ремиксот на „#Beautiful“ од Мараја Кери и Мигел

Мараја Кери неодамна го најави нејзиниот четиринаесетти студиски албум со синглот „#Beautiful“, во кој гостува колегата Мигел, а сега оваа тема доби и свое ремикс издание во кое им се придружува и раперот Ејсeп Роки (A$AP Rocky). 

Новото издание кое веројатно ќе го носи насловот „The Art Of Letting Go“, првично беше најавено за месец мај, но сега има нов датум, а тоа е 23-ти јули. Некако им премина во навика на ѕвездите во неколку наврати да ги презакажуваат новите албуми, но се надеваме дека со новиот материјал ќе го оправдаат таквото однесување. Во продолжение слушнете како звучи ремиксот на „#Beautiful“.

 



Врати се горе ↑