Аудио џм ф

7 септември, 2017

Слушнете го првиот постхумен сингл на Џорџ Мајкл со Најл Роџерс

Како што Ви пренесовме вчера, денеска на британското радио Би-би-си беше премиерно емитуван првиот постхумен сингл на Џорџ Мајкл, кој е во соработка со легендарниот Најл Роџерс. Имено, темата насловена „Fantasy“ е дел од материјалот на кој музичарите работеа пред неговата смрт во декември минатата година, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

Според соопштението на неговите сестри, „Fantasy“ е само вовед во она што допрва ќе следува од необјавениот материјал на британската ѕвезда, а сето тоа веројатно ќе биде спакувано и во албум, но повеќе информации се очекуваат наскоро.



Врати се горе ↑