11 ноември, 2012

Слушнете го Панчо како ја пее „Rolling in the Deep“

Едната половина од Р’н’Б дуото ДНК, Панчо на нивниот голем концерт кој се одржа на 29 септември годинава во Универзалната Сала ни докажа дека покрај рапувањето и работата како диџеј, исто така е талентиран и за пеење. Иако Панчо си обрал доста комплицирана тема за да го докаже тоа, сепак големиот хит на Адел „Rolling in the Deep“ го отпеа на најдобар можен начин. Анплагд концертот беше уште една одлична можност да се види колку се талентирани двајцата музичари, а во прилог погледнете го видеото кое што беше објавено вчера на официјалниот канал на ДНК на сервисот YouTube и уживајте во дел од прекрасната атмосфера од таа вечер.

 



Врати се горе ↑