19 септември, 2014

Слушнете го одамна заборавениот дует на Фреди Меркјури и Мајкл Џексон

Како што Ви пренесовме во мај годинава, легендарниот британски бенд „Квин“ на 11 ноември ќе го објави компилациското издание насловено „Queen Forever“, на кое ќе се најдат три досега необјавени песни отпеани од покојниот лидер на групата, Фреди Меркјури. Една од нив е дуетот со Мајкл Џексон насловен „There Must Be More To Life Than This“, кој за жал не беше довршен за време на нивните животи.

Финалната верзија на оваа соработка на легендарните музички икони, за чија продукција и ремикс се погрижи Вилијам Орбит, е комбинација на снимки од повеќе сесии, вклучувајќи ја и онаа кога Фреди отпатувал во Лос Анџелес за да снима заедно со Мајкл во неговото домашно студио. Соло верзија на оваа песна беше објавена на првиот самостоен албум „Mr. Bad Guy“ , кој Меркјури го претстави во 1985 година. Како звучи сето тоа можете да слушнете горе.

Покрај оваа песна, во периодот од 1981-1983 година, Џексон и Меркјури соработувале и за песната „State Of Shock“, но поради бројните обврски Фреди не успеал да ја доврши, па во конечната верзија Мајкл пее во дует со Мик Џегер, како и необјавената песна „Victory“ која била наменета за истоимениот албум на Џексонови од 1984 година, кој беше првиот и последен албум во кој учествуваа сите шест браќа, како и последен албум во кој како главен вокал се јавува Мајкл Џексон.

Втората песна во која ќе се слушне уникатниот вокал на Фреди е темата „Love Kills“, која беше дел од реставрираната верзија на беззвучниот филм „Метрополис“ на Фриц Ланг, но овој пат во форма на балада, а третата е „Let Me In Your Heart Again“, која групата започна да ја снима за време на подготовките на албумот „The Works“ од 1984 година, но никогаш не беше довршена.

Меѓу другите песни кои ќе се најдат на претстојното издание е и темата „Nevermore“, која се појави на изданието „Queen II“ од 1974 година, како и „A Winter’s Tale“, песна која е снимена на последната сесија на Меркјури со групата во 1991 година. Компилацијата, која ќе биде издадена и како единечен диск и како пакет од две цедеа, ќе вклучи и хитови како што се „Who Wants To Live Forever“, „Somebody To Love“, „Play the Game“, „Love Of My Life“ и „Crazy Little Thing Called Love“, а комплетниот список за двете изданија, како и обвивката на албумот, можете да ги погледнете во продолжение.

 Единечно издание

  1. Let Me in Your Heart Again
  2. Love Kills – The Ballad
  3. There Must Be More To Life Than This (William Orbit Mix)
  4. It’s A Hard Life
  5. You’re My Best Friend
  6. Love Of My Life
  7. Drowse
  8. Long Away
  9. Lily Of The Valley
  10. Don’t Try So Hard
  11. Bijou
  12. These Are The Days Of Our Lives
  13. Las Palabras De Amor
  14. Who Wants To Live Forever
  15. A Winter’s Tale
  16. Play The Game
  17. Save Me
  18. Somebody To Love
  19. Too Much Love Will Kill You
  20. Crazy Little Thing Called Love

 

Пакет издание

цеде 1

  1. Let Me In Your Heart Again
  2. Love Kills – The Ballad
  3. There Must Be More To Life Than This (William Orbit Mix)
  4. Play The Game
  5. Dear Friends
  6. You’re My Best Friend
  7. Love Of My Life
  8. Drowse
  9. You Take My Breath Away
  10. Spread Your Wings
  11. Long Away
  12. Lily Of The Valley
  13. Don’t Try So Hard
  14. Bijou
  15. These Are The Days Of Our Lives
  16. Nevermore
  17. Las Palabras De Amor
  18. Who Wants To Live Forever

цеде 2

  1. I Was Born To Love You
  2. Somebody To Love
  3. Crazy Little Thing Called Love
  4. Friends Will Be Friends
  5. Jealousy
  6. One Year of Love
  7. A Winters Tale
  8. ’39
  9. Mother Love
  10. It’s A Hard Life
  11. Save Me
  12. Made in Heaven
  13. Too Much Love Will Kill You
  14. Sail Away Sweet Sister
  15. The Miracle
  16. Is This The World We Created
  17. In The Lap Of The Gods…Revisited
  18. Forever


Врати се горе ↑