Аудио VAN-GOGH

27 април, 2013

Слушнете го новиот сингл од Ван Гог

Белградскиот состав Ван Гог во изминатиов период активно работи на новиот материјал, а деновиве го претстави новиот сингл насловен „Нешто вуче ме доле“, кој веројатно претставува најава за новото студиско издание од бендот. Последниот албум „Лавиринт“ го објавија во 2009 година, а меѓу бројните настапи кои ги имаа во минатата година, беше и оној во Скопје, во рамките на Таксират 2012.

Во продолжение слушнете го новиот сингл кој можете да го преземете во мп3 формат на следниот линк: http://www.mediafire.com/?0isev6h2c1uuh1v

 



Врати се горе ↑