Аудио artworks-000047326775-h9mi40-t500x500

7 мај, 2013

Слушнете го новиот сингл од Мараја Кери и Мигел

Мараја Кери уште минатата година го најави нејзиниот долгоочекуван четиринаесетти по ред студиски албум, кој требаше да излезе во март годинава, но новото издание (за сега) е презакажано за мај. За наследникот на „Merry Christmas II You“ од 2010 година, познато е дека на него работела цела армија од автори и продуценти, а само некои од имињата поврзани со ова издание се  Ренди Џексон, Ар Кели, Дејвид Моралес, Џермејн Дупри, Хит Бој…. А сега стигнува и првиот сингл насловен „#Beautiful“, во кој гостува сè попопуларниот пејач и продуцент Мигел, а како тоа звучи, можете да слушнете во продолжение.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑