Аудио 1521693_388470074620570_1688793162_n

19 мај, 2014

Слушнете го новиот сингл на „Саунд месинџерс“

Дуото составено од Ерик Фокс и Симона Попоска „Саунд месинџерс“ денеска го претстави својот нов сингл насловен „Chains Around My Heart“. Новиот летен хит е дело на Ерик Фокс (музика и аранжман), текстот го напиша Давид Димовски, а за микс и мастеринг беше задолжен продуцентот Зоран Алексиќ, со кој Симона соработува и за нејзината следна песна на македонски јазик. Ерик за прв пат се појавува и како пратечки вокал, а како звучи „Chains Around My Heart“ можете да слушнете во продолжение.

Овој викенд промоција и во ноќните клубови во државава, петок кумановци ќе имаат можност да присуствуваат на отварање на новата летна дискотека заедно со „Саунд месинџерс“. Нивните претходни три песни беа мега хитови скоро на сите музички радио станици во државава па и надвор од неа.

 



Врати се горе ↑