Аудио Paul-McCartney-Nirvana-608x405

18 декември, 2012

Слушнете го новиот сингл на Нирвана и Пол Макартни

Бендот Нирвана заедно со поранешниот Битлс Пол Макартни ја објавија и студиската верзија на нивниот заеднички сингл „Cut Me Some Slack“. Неколку дена откако преостанатите живи членови не легендариот бенд Нирвана – Дејв Грол, Крист Новоселик и Пет Смир заедно со Макартни оваа песна ја изведоа во живо на хуманитарниот концерт кој се одржа во Њујорк, а потоа и во ТВ шоуто Saturday Night Live. Сега стигнува и студиската верзија која е на продажба и во дигитална верзија.

„Cut Me Some Slack“ е снимена за потребите на документарниот филм на Грол „Sound City“, приказна за легендарното музички студио во кое снимале и Нирвана, а на истиот саундтрак ќе се најдат и песни на Флитвуд Мек, Најн Инч Неилс, Квинс оф д стоун ејџ и други.

Во продолжение слушнете ја студискаѕа верзија на „Cut Me Some Slack“.

 



Врати се горе ↑