Свет nelly

3 ноември, 2012

Слушнете го новиот сингл на Нели

Откако летово го најави новиот седми по ред студиски албум, раперот Нели по подолга пауза го објави новиот сингл од мисктејпот „Скорпио Сизн“ (Scorpio Season). Се работи за штотуку издадената трака „Like Dat“, на која можеме да чуеме малку поинаков звук од она што вообичаено го слушавме од Нели.

Инаку, насловот на новиот албум ќе биде “М.О.“, а првиот најавен сингл кој беше објавен пред еден месец беше нумерата „Mary Go Round“ во соработка со Крис Браун. Во продолжение слушнете го најновото од Нели.



Врати се горе ↑