8 март, 2013

Слушнете го новиот сингл на Мајкл Бубле

Со мало задоцнување, деновиве пристигна новиот сингл насловен „It’s a Beautiful Day“ со кој канадскиот пејач Мајкл Бубле го најавува неговиот нов албум „To Be Loved“, закажан за 23-ти април. Новото издание е целосно продуцирано од неговиот долгогодишен пријател и соработник Боб Рок, а првиот најавен сингл беше претставен со интересен текстуален видео запис кој можете да го погледнете горе.

Покрај оваа нумера, на албумот ќе се најдат и соработките со актерката Риз Витерспун, како и добро познатиот Брајан Адамс.



Врати се горе ↑