Аудио 10262225_539654539472108_1293246543888548016_n

12 јуни, 2014

Слушнете го новиот сингл на „Фулиш грин“

Како што беше најавено, денеска точно на пладне беше претставен новиот сингл на групата „Фулиш грин, а темата насловена „12“ премиерно во радискиот етер се слушна на Антена 5 радио. По издавањето на извонредниот деби албум „Escape“ од минатата година, „Фулиш грин“ со овој сингл го најавува новиот материјал планиран да се појави во почетокот на 2015 година.

Суштинска порака и музичка опомена до авторитетните органи на општеството, до власта и мизантропијата во пирамидалниот систем“ – тоа е „12“ со зборовите на Фулиш Грин. „Да, ’Тие’ кои го обесија човекот на земјата, го оковаа во пранги на ропство, инфициран од сеопштото лудило. ’Тие’ кои го оставија да преживува, а не да живее! ’Тие’ кои му го одзедоа правото да верува и ’правото да биде во право’. ’Тие’ кои горчеливо ја исцедија неговата старост. Вирусот во живото граѓанско ткиво кој доведува до сè поголем хаос мора полека и свесно да го лекуваме. Ѕверот е веќе испуштен од контрола, саатот критично отчукува, а казната допрва доаѓа. Вратите се отворени, пречките сe поголеми. Во ’нивниот’ слух нема мелодија, туку викотници и галама на неслушнатите. Вејте го знамето на љубовта, таа нè одржува во живот. Затоа што веќе не сте безбедни, како дванаесетте мајмуни!
Тие живеат, но ние не спиеме повеќе!
This system needs to restart
!“
– продолжуваат „Фулиш грин“…

Новата песна сместена во жанрот психоделичен поп е напишана, снимена и продуцирана од Ненад Стефаноски, тапаните се снимени од Гоце Трпков (диџеј Гоце САФ/Бутлегз Бејзмент Лаб), а миксот и мастерингот ги направи Дарко Спасовски – Пацки. Концептот за обвивката и дизајнот ги потпишува Мики Стефановски, a како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑