Аудио josh-groban

19 декември, 2012

Слушнете го новиот сингл на Џош Гробан

Американскиот музичар Џош Гробан деновиве го издаде новиот сингл насловен „Brave“ кој го најавува неговиот шести по ред студиски албум „All That Echoes“, закажан за 5-ти февруари следната година. Албумот ќе содржи 13 нумери, од кои една соработка со италијанската пејачка Лаура Паузини. Гробан има настапувано и со Андреа Бочели, Сара Брајтман и легендарниот тенор Лучиано Павароти. Нумерата „Brave“ ја продуцираше Роб Кавало, кој е познат по неговите соработки со бендот Грин Деј. Во продолжение уживајте во одличниот вокал на Гробан.

 



Врати се горе ↑