Аудио 1563669-jojo617-e1343952731731

16 ноември, 2012

Слушнете го новиот сингл на Џоџо

Младата американска пејачка Џоџо (21) го објави нејзиниот нов сингл „We Get By“. Ова е нејзина прва најава за претстојниот микстејп  „Agápē“, кој е во подготовка. Џоџо уште од 2008 година го подготвува и нејзиниот трет студиски албум, кој доживеа прекини во работата заради финансиски проблеми на продукциската куќа Da Family Entertainment, која требаше да стои позади проектот, па албумот најверојатно ќе излезе на почетокот на следната година под закрила на Blackground и Interscope Records.

Имено, како инспирација за овој албум пејачката ги наведе еротскиот бестселер „50 нијанси на сиво“ и Р’н’Б музичарот Френк Оушн, давајќи му на материјалот малку позрел звук. Претходниот воведен сингл за албмот беше поп-рок нумерата „Disaster“ (2011), но подоцна беше заменета со Р’н’Б синглот „Demonstrate“.

Во продолжение слушнете го новиот сингл „We Get By“.

 



Врати се горе ↑