19 септември, 2013

Слушнете го новиот сингл на Бритни Спирс

Како што беше најавено, деновиве стигна и првиот сингл од претстојниот осми студиски албум на познатата американска пејачка Бритни Спирс, а темата насловена „Work B**ch“ беше објавена два дена порано од закажаниот термин 17-ти септември. Овој сингл наскоро ќе добие и свое видео издание кое се снимаше во изминатиов период, а како ќе изгледа сето тоа можеме да претпоставиме од фотографијата подолу. Во меѓувреме горе можете да слушнете како звучи новиот хит кој меѓу другите го потпишува и колегата Вил Ај Ем.



Врати се горе ↑