Аудио bsb

20 јуни, 2013

Слушнете го новиот сингл на Бекстрит Бојс

Момците од Бекстрит Бојс уште во ноември минатата година го најавија враќањето на музичката сцена, а во април годинава прославија 20 години од формирањето на групата. Сега, од претстојниот осми по ред студиски албум доаѓа и првиот најавен сингл „In a World Like This“, за кој соработуваа со шведскиот хитмејкер Макс Мартин. Ова не е нивна прва соработка – Мартин ги продуцирал и „Quit Playing Games With My Heart“ од 1996 година, како и „As Long As You Love Me“ и I Want It That Way“.

Во продолжение слушнете како звучи насловната тема од новиот албум на Бекстрит Бојс.

 

 



Врати се горе ↑