Аудио korteks

13 ноември, 2017

Слушнете го новиот ремикс на битолскиот диџеј Кортекс

Младиот битолски диџеј и продуцент Константин Марковски, кој се крие зад псевдонимот Кортекс, неодамна го објави своето најново музичко парче насловено „When We’re High“. Станува збор за ремикс на истоимениот сингл од американската пејачка и авторка Лора Перголизи алијас Ел-Пи, која пишува песни за познати имиња од светската сцена, како што се Ријана, Кристина Агилера и многу други.

kortex

Оваа песна е дел од нејзиниот последен албум „Lost On You“, а како звучи македонската ремикс-верзија од Кортекс можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑