Аудио 1098528_695111043838578_85928759_n

8 август, 2013

Слушнете го новиот хит од Бауер, Џаст Блејз и Џеј Зи

Бруклинскиот диџеј Бауер кој се прослави со виралниот мегахит „Харлем Шејк“, деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Higher“, овој пат во соработка со хип-хоп продуцентот Џаст Блејз (Just Blaze) и гостувањето на познатиот рапер Џеј Зи. Песната ќе биде официјално објавена на 13-ти овој месец, кога повторно ќе биде лансирана и легендарната етикета Priority Records. Останува да видиме дали и оваа песна ќе доживее планетарен успех како претходната, а како звучи „Higher“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑