Слушнете го новиот хит на Колонија
Хрватската група Колонија составена од Индира Владиќ, Борис Ѓурѓевиќ и Томислав Јелиќ премиерно го претставија новиот сингл „Кап твоје љубави“. Овој сингл е божиќен подарок за нивните фанови, но и најава на новиот албум кој ќе го претстават на 14-ти февруари 2013 година. Долгоочекуваниот албум, кој Колонија долго го одложуваа сакајќи на своите слушатели да им го дадат најдоброто од нив, ќе содржи 13 песни. Во продолжение слушнете ја „Капка од твојата љубов“.
Извор: svetplus.rs/Фото:colonia.hr