Аудио s-gm

20 април, 2015

Слушнете го новиот хит на Џорџо Мородер и Сиа

„Таткото на диско музиката“, Џорџо Мородер деновиве го претстави својот нов сингл и насловна тема од неговиот повратнички, 13. по ред студиски албум. Станува збор за соработката со австралиската ѕвезда Сиа, која го носи насловот Déjà Vu“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Музичарот, кој деновиве ќе наполни 75 години, својот нов албум ќе го објави на 17 јуни, а покрај оваа песна, веќе имавте можност да ги слушнете и соработката со Кајли Миног, како и првичната насловна тема „74 Is The New 24“. Изданието ќе содржи соработки и со Бритни Спирс, Келис, Чарли Екс-си-екс и други, а насловите на 12-те песни и обвивката Ве очекуваат во продолжение.

01. 4 U With Love
02. Déjà Vu feat. Sia
03. Diamonds feat. Charli XCX
04. Don’t Let Go feat. Mikky Ekko
05. Right Here, Right Now feat. Kylie Minogue
06. Tempted feat. Matthew Koma
07. 74 is the New 24
08. Tom’s Diner feat. Britney Spears (Suzanne Vega cover)
09. Wildstar feat. Foxes
10. Back and Forth feat. Kelis
11. I Do This For You feat. Marlene
12. La Disco



Врати се горе ↑