Аудио great-gatsby-soundtrack-wide-600x450

1 мај, 2013

Слушнете го хитот на Бијонсе во изведба на Емели Санде

За саундтракот на четвртата филмска адаптација на романот „Големиот Гетсби“ во режија на Баз Лурман, се собраа голем број популарни музички ѕвезди предводени од главниот продуцент Џеј Зи. Дел од нив се Бијонсе, Брајан Фери, Лана Дел Реј, Андре 3000, Вил Ај Ем, Флоренс + д машин… Помеѓу оригиналните нумери се најдоа и неколку преработки на постари хитови, како што тоа го направија Бијонсе и Андре 3000, кои ја преработија „Back to Black“ од Ејми Вајнхаус.

Другата преработка е на добро познатиот хит од Бијонсе „Crazy In Love“, овој пат во изведба на Емели Санде придружувана од Оркестарот на Брајан Фери. Песната доби малку поинаков аранжман во стилот на џез музиката од дваесеттите години на минатиот век, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑