Аудио jana-viktor

19 февруари, 2015

Слушнете го дуетот на Виктор Апостоловски и Јана Бурческа

Како што Ви пренесовме неодамна, Виктор Апостоловски го промовираше својот долгоочекуван прв албум насловен „Во моите сни“, на кој се најдоа сите негови досегашни хитови, како и неколку нови песни. Покрај насловната тема, пејачот деновиве објави уште неколку нови песни, меѓу кои и дуетот со неговата девојка и колешка од „Идол“, Јана Бурческа. Станува збор за баладата насловена „Сила“, чија музика и аранжман ги потпишува самиот Виктор, а за текстот му помогна Мирослав Драганов. Како звучи оваа песна, која битолчанецот им ја посвети на сите оние кои ја почувствувале горчината на загубата, можете да слушнете во продолжение.

 

Покрај дуетот со Јана, во продолжение Ве очекуваат уште две нови песни, „Мангуп“ и „Не те жалам“, и двете комплетни авторски дела на Апостоловски.

 

По промоцијата во Скопје, Апостоловски планира да го промовира албумот и во другите градови ширум Македонија. Цедето е издадено под етикетата на „Сенатор рекордс“ во Битола, а наскоро ќе го има и во „Југотон“ во Скопје. Покрај физичкото издание, албумот можете да го набавите и во дигитална верзија на Фејсбук.

И.Ј.



Врати се горе ↑