Аудио vm-am-xf

27 септември, 2014

Слушнете го дуетот на Вања и Армин од „Х Фактор“

Финалистите од првото издание на регионалниот музички натпревар „Х Фактор“ и поранешни членови на групите „Доктори“ и „Фор ју“, Армин Маликиќ и Вања Мишиќ деновиве ја претставија својата заедничка песна насловена „Од магле и сна“.

„Презадоволни сме од соработката, ова е важен чекор во нашето понатамошно настојување да се занимаваме со музика. Текстот за оваа песна го напиша Армин, додека музиката ја направивме заедно“, изјавила шармантната пејачка од Бања Лука, додавајќи дека наскоро треба да ги очекуваме и нивните соло албуми на кои работат веќе со месеци. Нивната заедничка песна можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑