Аудио sl-ms-ah

5 април, 2013

Слушнете го дуетот на Снуп Лајон и Мајли Сајрус

Како што неодамна најави, Мајли Сајрус вчера го претстави дуетот со Снуп Лајон. Новиот сингл го носи насловот „Ashtrays and Heartbreaks“, весела и летна песна, но не толку мелодраматична како насловот. Според тоа што е познато дека за новиот албум Сајрус соработува со Фарел Вилијамс и хип-хоп артистите Мик Мил и Тајлер Креаторот, ова е само најава за тоа што допрва ќе го слушнеме од неа. Како звучи оваа интересна комбинација можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑