Аудио shakira-rihanna-duet-artwork

14 јануари, 2014

Слушнете го дуетот на Шакира и Ријана

Како што беше најавено, познатата колумбиска ѕвезда Шакира вчера го претстави својот нов сингл со кој го најавува десеттиот студиски албум закажан за оваа година. Станува збор за темата насловена Can’t Remember To Forget You во која гостува нејзината помлада колешка Ријана. Како звучи оваа интересна соработка можете да слушнете во продолжение.

Покрај новиот сингл, пејачката на својот Твитер профил објавила дека новиот сè уште неименуван албум ќе пристигне на 25-ти март.



Врати се горе ↑