25 ноември, 2013

Слушнете го дуетот на Мери Џеј Блајџ и Џеси Џеј

Американската Р&Б и соул дива Мери Џеј Блајџ во моментов е актуелна со нејзиниот празничен албум „A Mary Christmas“, од кој веќе го претстави синглот „Have Yourself a Merry Little Christmas“. На ова нејзино прво празнично издание гостуваат имиња како што се Барбра Стрејсенд, Џенифер Лопез, Марк Ентони, како и британската ѕвезда Џеси Џеј, со која ја отпеа темата насловена „Do You Hear What I Hear“.

Двете пејачки синоќа беа дел од гостите на британскиот X Factor, каде што во живо го отпеаја овој прекрасен дует. Џеси истакна дека е почестена што имала можност да соработува со „испиративната дива“, додека Блајџ изјавила дека токму оваа песна и е една од омилените од нејзиниот албум: „Таа е толку фина и екстремно талентирана личност, навистина сум среќна што ја имам на овој албум“ – изјавила таа.

Синоќешниот настап (доколку не е отстранет) можете да го погледнете горе, а аудио верзија од песната можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑